ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ЈСП: Рокот за продолжување на важноста на студентскиот билет пролонгиран до 31 март

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека корисниците на годишниот студентски билет за бесплатен јавен превоз имаат можност продолжувањето на важноста на билетот да го извршат до 31 март 2021 година.
– До тој термин, сите студенти кои ги исполнуваат условите за стекнување на право на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз, а не го продолжиле од која било причина, можат бесплатно да го користат превозот, притоа да поседуваат „Скопска“ која имаат обврска да ја приложат при евентуална контрола на билети. Студентите немаат обврска да се валидираат во возилото, а контролорите не смеат да им издадат записник/казна, се додава во соопштението.