МАКЕДОНИЈА
Каевски: Бомбите обид за дефокус од неуспехот на своите градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ се соочени со неможноста да испорачаат реализација на проектите што ги ветија пред граѓаните и преку објавување материјали за наводен криминал се обидуваат да направат дефокус кај јавноста, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.
„Соочени дека не можат тоа да го реализираат, се обидуваат да направат дефокус на целата оваа тема. Почнаа со барање предвремени избори и видоа дека не можат да создадат клима за предвремени избори, сега имаат некоја нова теза и интенција да објавуваат таканаречени бомби или некои навидум криминали коишто ги правеле некои одредени градоначалници предводени од СДСМ“, вели Каевски.