ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Како да носите бел капут во зимскиот период

За време на студените денови често одбивате да го соблечете капутот,  што значи дека гардеробата што ја носите под капутот и не е толку важна кога е студот во прашање.

Кога се работи за капути изборот е бескраен. Секако дека може да изберете класичен капут со темна нијанса, но дали некогаш сте посакале да облечете бел капут во текот на зимата?

Можеби белата боја и не е најдобро решение кога времето е калливо, а улиците нечисти, но белиот капут без сомнение е вистинска модна сензација.
Белиот капут може да се комбинира за многу различни изгледи, не само во елегантно издание.

Во зависност од пригодата може да долови ефект на вистинска префинетост, гламур и уникатност.

Без разлика дали ќе одберете секојдневна комбинација со фармерките, џемпер или кошула, ќе изгледате впечатливо и модерно, а ако пак, сакате елегантен изглед, тогаш белата боја на капут е вистинскиот избор.

Самата боја е асоцијација на мир и префинетост, затоа со што и да одлучите да го комбинирате овој капут нема да останете незабележани.

Едноставноста на бојата дозволува повеќе модни додатоци како што се шеширите, траките за на глава или чанти во повеќе нијанси.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button