ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Калабалак со вакцинирањето во Скопје, гужви, дишење во врат, чекање со часови

Во атмосфера на гужви и турканици се отвори пунктот за вакцинација во поликлиниката Букурешт во Скопје. Насобрани граѓани и без почитување на мерките за држење на растојание. Некои од нив револтирани. Тврдат дека редот и термините не се почитуваат и оти вработените пуштаат граѓани без термин и преку пријателски врски. Некои од нив, поради ваквите проблеми, размислуваат да одат да се вакцинираат во Србија.

Иста слика, па уште и похаотично денеска беше во А1 Арената „Борис Трајковски“, најголемиот центар за вакцинација во земјава.

Алсат беше и во поликлиниките Чаир и Јане Сандански, каде за разлика од другите пунктови што ги посетивме, процесот се одвиваше без проблеми. Инаку, денеска покрај вакцинацијата со кинеската вакцина Синофарм, постарите лица се вакцинираа и ревакцинираа и со дозите на Астра& Зенека кои синоќа пристигна во земјава преку механизмот Ковакс. Досега се вакцинирани околу 164 илјади граѓани, од кои 30 илјади со две дози.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button