ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Камбовски: „Измените на КЗ се упад во системот“

Додека работна група три ипол години заедно со ОБСЕ работи на нов кривичен закон кој во октомври треба да влезе во собраниска процедура, Парламентот преку ноќ донесе измени на постоечкиот законик, критикуваше денеска професорот Владо Камбовски, кој е и член на таа група. Последните измени тој ги оценува како упад во казнено-правниот систем.

„Во меѓувреме беа вршени одделни упади во казнено-правниот систем од определни влијанија во мигот. Очигледно дека и сега такво влијание во некој миг потребен, дал еден таков ефект да се извршат промени…“, вели Камбовски.

Според Камбовски, сето ова алудира на договор за можна аменстија на одредени поранешни или сегашни функционери.

„….Ако ние не се вратиме на патот на правото и уставноста, ние нема да добиеме бесмислено вето какво што добивме од Бугарите, туку ќе добиеме едно тешко вето за владеење на право од кое потоа тешко дека ќе се извлечеме“, додава Камбовски.

Законите нема да имаат ефект ако нелегално стекнатиот имот не биде конфискуван, додаде професорот Таки Фити.

„Вие ќе го осудите, ќе одлежи затвор, меѓутоа милиони се одлеале и треба да се најдат прецизни механизми тој имот да се конфискува…“, вели Фити.

Борбата против криминалот и корупција, како и враќањето на владеењето на правото, се клучни за демократизацијата на Македонија и интеграцијата во ЕУ, нагласија од амбасадата на САД.

„Ќе продолжиме да правиме сè што е во наша моќ за почитување на човековите права. Сите имаме удел во трансформацијата и градењето на фер и демократско општество“, вели Викторија Елиот, Амбасада на САД.

Овие ставови беа изнесени на осмата Охридската школа по природно право насловена како „Препознавање и разбирање на организираниот криминал и корупцијата во контекст на владеење на правото“.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button