СВЕТ

Канада: Шест лица, меѓу кои четири деца, убиени во куќа во предградие на Отава

Шест лица, меѓу кои четири деца, се убиени синоќа во куќа во предградието на канадската престолнина Отава, соопшти денеска локалната полиција.

Полицијата соопшти дека на местото на убиството е уапсено едно лице и дека нема натамошен ризик по јавната безбедност.

Службите за итни случаи пронашле шест тела во куќата, а идентитетот на жртвите сѐ уште не е потврден, соопшти полицијата, пренесе канадскиот јавен сервис CBC.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button