СВЕТ

Шведска официјално ќе стане 32-та членка на НАТО

Шведска, по два века неутралност и две години откако аплицираше, денеска (7 март) и официјално ќе стане 32-та членка на НАТО, што е голем чекор за земја која досега се придржуваше до воено неврзување.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вашингтон официјално ќе му ги предаде документите за ратификација на шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, до кои земјата стигна по долги натегања со одделни членки на Алијансата.

Сино-жолтото шведско знаме во понеделник (11 март) треба да биде подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button