ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Штрајк на вработените во сите подружници на ЈП „Национални шуми“

По еднонеделен мирен предупредувачки протест околу 2 000 вработени во 30-тина подружници на Национални шуми во земјава од денеска (7 март) стапија во штрајк со барање до раководниот тим на Јавното претпријатие да ја исплати јануарската, како и феврурската плата за која рокот е до 15- ти март, како и исплата на сите додатоци од работа.

Ваквата одлука за стапување во штрајк пред три дена ја донеле сите вработени во Национални шуми со барање за исплата на двете плати, како и редовна исплата на сите плати и додатоци во наредниот период, информира на денешниот прес во Велес пред Подружницата „Бабуна“ на ЈП „Национални шуми, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, кој го поддржа штрајкот.

Тој најави дека ако раководството денеска не им исплати плата, штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, сè до исполнување на нивните барања.

„Неиздржливо е во услови на криза и зголемување на трошоците за живот, луѓето кои секојдневно работат да не добиваат плата. Очекуваме раководството да се вразуми и да се одважи и да им исплати плата на вработените, а во спротивно штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, сè до исполнување на барањата“, рече Трендафилов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button