СПОРТФУДБАЛ

Карагер: Со втора екипа против Аталанта, и Клоп нека се фокусира на Премиерлигата

Легендарниот поранешен играч на Ливерпул, Џејми Карагер го коментираше како „катастрофален“ настапот на својот поранешен тим на дуелот со Аталанта во 1/4 финалето во Лигата на Европа.

Според аналитичарот, Клоп сега треба да ги испрати резервите на реваншот во Италија, со оглед дека нема веќе никакви шанси да се пласира во 1/2 финалето, и да се фокусира само кон титулата во Премиерлигата.

„Ужас и резултатот и играта. Единствената утеха е тоа што Клоп ќе го игра реваншот со вториот тим и ќе се фокусира на Премиерлигата“, рече Карагер.

Јирген Клоп за коментираше за можноста неговиот тим да слави на реваншот и да направи чудо.

„Да славиме можеме. Дали со 3-0? Не знам“, беше коментарот на Клоп.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button