МАКЕДОНИЈА

Касами: Парламентарното мнозинство е стабилно

Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами во „Патот кон …“ на прашањето за осцилациите во неговата партија рече дека и покрај шпекулациите околу парламентарното мнозинство, вчерашното гласање во Собранието потврдило дека ова мнозинство ужива поддршка и дека ќе го одработи мандатот до крај и ќе се концентрира на реализација на проекти во интерес на граѓаните.

„Плуралистичката историја на Северна Македонија покажува дека имало постојани движења од опозицијата кон владата, се разбира, но ретко се случувало мнозинство пратеници да ја напуштат владата. Можеби ова не е некој вид демократска вредност, но тоа е реалноста со која се соочуваме. Дури и денес, и покрај шпекулациите што може да биде во рамките на парламентарното мнозинство, го оценувам ова мнозинство како многу безбедно и стабилно и проценувам дека ова мнозинство ќе го заврши четигодишниот мандат. Вчерашното гласање беше гласање да се затворат еднаш и засекогаш дискусиите во јавноста дали владата има поддршка од мнозинството пратеници и да продолжи да се концентрира на важни теми за граѓаните“, рече Касами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button