ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами по средбата со Мицкоски: Заедничка координација за предвремени избори

Градоначалникот на Тетово Билал Касами денеска го прими лидерот на ВМРО Христијан Мицкоски.

На оваа средба, како што рече Касами, се разговарало за координација на опозициските партии за излегување на предвремени избори, дознава Алсат.

„Разговаравме за соработка на централно ниво како две опозициски партии за да дадеме решенија за проблемите со кои се соочува државата во овие критични моменти. Разговаравме за економското решение, особено за енергетската криза. Се договоривме во наредните денови да имаме заедничка координација во однос на наметнување на предвремени избори, за волјата на граѓаните да биде изразена во централната власт“, ​​изјави Касами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button