ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Власта нема сама да замине, но опозицијата има свои алатки

Власта нема сама да замине и ќе сака да ужива на црвенити ќилими и скапи автомобили на сметка на народот, рече во одговор на новинарско прашање лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната средба со градоначалникот на Тетово и претседател на БЕСА, Билал Касами.

„Ќе сакаат до последно да го цицаат народот и да живеат на маката на народот. Ако мислите дека тие сами ќе заминат, нема да заминат. Јас ќе ви кажам, не треба тие да го кажат тоа. Но, ние како опозиција имаме свои алатки и методи, институционални и вон институционални, да се бориме за тоа што мислиме дека народот го очекува од нас“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button