ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами: Вечерва потпишуваме договор за решавање на проблемите на Албанците во изминатите 20 години

Во Тетово вечерва се промовираше платформата и заедничката програма зад која застанаа сите партии од новиот коалициски опозициски блок – Европскиот сојуз за промени. Лидерите на Европскиот сојуз за промени во заедничката изјава ветуваат продлабочување на соработката со САД и борба против криминалот и корупцијата. Претседателот на Беса, Билал Касами, во интервју за Алсат нагласи дека имаат решенија за сите проблеми и ги повика граѓаните да се приклучат на сојузот.

„Вечерва крунисаме договор кој почна од порано и вечерва како што гледате оваа сала е мала за да ги собере и прими сите тие активисти, Албанци ентузијасти на ова спојување на албанската опозиција, како што и во иднина ќе бидат мали и тесни плоштадите во градовите каде што ќе бидеме. Вечерва потпишуваме договор кој е договор на потребите и проблемите со кои се соочуваат Албанците овие 20 години. Значи, ние нудиме решенија за сите проблеми кои се однесуваат на неуспесите на оваа влада во делот на економскиот развој, образованието, здравството, поради што младите се иселуваат. Тоа е застојот на С. Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, затоа главниот збор на овој договор е интеграцијата на земјата во ЕУ, економскиот развој, подобра благосостојба за граѓаните, регулирање на здравствениот и образованиот систем, се со една цел, прекин на егзодусот на Албанците, младите и водење на земјата во ЕУ, да ја направиме Македонија полноправна членка на ЕУ“, рече Касами.

Касами рече дека Европскиот сојуз за промени ќе настапи со заеднички листи за пратеници и ќе има заеднички кандидат за претседател. Тој ги повика грѓаните да им се приклучат.

„Јас вечерва сакам да ги повикам сите граѓани, здруженија, политички партии, сите што се активни и не се активни во политичкиот живот, да се приклучат на ова движење, на овој сојуз. Вратите се отворени бидејќи вечерва гледаме дека тука е народот, не може оваа еуфорија, оваа сила на народот никој да ја сопре. Затоа, сите тие што се со народот, со Албанците треба да бидат со Европскиот Сојуз за промени. . Има силни сигнали од луѓе кои се во политички субјекти и покрај фактот што некои политички субјекти веќе се, за жал многу блиску до коалиција со ДУИ, но нивните структури се во комуникација и верувам дека тие наскоро ќе се приклучат на нашиот сојуз, кој е европски, албански сојуз, кој е сојуз за спас на Албанците во ЕУ“, додава Касами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button