РАКОМЕТСПОРТ

Лазаров: Имаме млад состав, кој cе уште собира искуство

Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид загуби на гостински терен кај Војводина со 29-34 за четврти пораз по пет одиграни кола во Европската лига на ЕХФ.

Тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров кажа дека неговата екипа е млада и сè уште собира искуство од овие натпревари.

„Војводина има искусен и квалитетен тим, а тоа го покажа и на теренот. Тешко е да се игра против ваков тим, посебно кога имате млад состав кој учи од овие натпревари и сè уште собира искуство“, кажа Лазаров.

Алкалоид во последното коло од Европската лига на ЕХФ ќе се соочи против Ла Риоха.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button