ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами за Алсат: По 20 години обединетата опозиција ќе се спротистави на ДУИ

Претседателот на БЕСА Билал Касами во интервју за Алсат вели дека опоизцискиот фронт има за цел да ги обедини сите политички сили против ДУИ- партија која е повеќе од 20 години на власт и да понуди достојна алетрнатива за албанските гласачи. Напуштањето на пратениците од БЕСА, според Касами е масло на власта – овие пратениците од поодамна комуницирале со власта и напуштањето на Беса  е обид да се релативизира обединувањето на опозцијата. Касами ја повика и Алијанса за Албанците и претседателот Таравари да им се приклучат.

„Тоа што се случи во Движењето Беса, фактички и во опозицискиот фронт, беше тоа што требаше да се направи и што се очекуваше од сите Албанци во С. Македонија, со цел конечно да имаме обединување, хомогенизација на албанската опозиција и да имаме опозиција која ќе излезе со еден глас за да донесе промена. Сигурно дека со ваквите случувања нема да се согласат сите бидејќи има личности кои пред интересот на гласачите, Албанците, пред интересот на структурата на партијата, го имаат својот личен интерес. За жал, имаше и такви случувања и во Движење Беса и во другите политички структури, но тоа во ниту еден момент не го забавува замавот на обединувањето на албанската опозиција, со што конечно по 20 години силно веруваме дека ќе им дадеме добра можност на гласачите Албанци  да имаме ротација на власта“, вели Касами.

Прашање: Г. Касами, како ќе постапите сега откако Беса остана со еден пратеник, може да има и други заминувања од партијата?

„Нема никаква најава за други заминувања, горе- доле таа група или тие личности кои излегоа деновиве поради наводно свои незадоволства, се тие со кои ние постојано сме комуницирале, имаше најави и порано од наши пријатели, дека порано комуницирале со структурите на власт и го чекале моментот да се направи обединување на опозиција, за тие да излезат и да се обидат да го релативизираат ова обединување. Информациите што ги имаме велат дека имало вакви разговори, во момент кога ќе се промовира обединувањето на опозицијата, да се продолжи со таква кампања. Јавноста знае дека порано кога имавме средба што не беше јавна помеѓу лидерите на опозицискиот фронт, излегоа од Алтернатива, сега излегуваат и од Беса. Сигурно, со понатамошните чекори на консолидирање на опозицијата, власта односно ДУИ ќе продолжи со своето сценарио кога зборуваме за обединување, тие да се трудат да зборуваат за поделба, раздор и разочарување на опозициските гласови“.

Прашање: Заедно со Изет Меџити и Африм Гаши работите на опозициски фронт, ваква иницијатива има од 2016 година што никогаш не беше успешна, секогаш потфрлуваше. Верувате дека овој пат ќе биде успешна, или ќе има разочарување и овој пат од формирањето на опозицискиот фронт.

„Верувам, од целото ова искуство како политичар, носител на овој процес, дека конечно ќе има такво обединување на опозиција и конечно ќе успееме да ги надминеме како што сме ги надминале до сега личните инаети, интереси и сето тоа што може да биде во спротивност со волјата на гласачите, да имаме обединување на опозицијата. Тоа што е суштинска, квалитативна разлика од 2016 година е што сега веќе од сите фактори на опозицијата во овој случај од движењето Беса, Алтернатива, сега веќе и од Изет Меџити има јасни изјави за соработка,  ситуација која сме ја немале во минатото, особено од 2016-2020 кога дел од опозицијата беше и Алијансата за Албанците, и кога јас  споменав дека во ниту еден момент не сум добил јасна изјава на средбите што сме ги имале, дека се заинтересирани и имаат волја за соработка со опозицијата и создавање на опозициски фронт…За среќа овој пат, не само што имаме декларативно изразена волја туку  имаме и конкретни чекори во правец на консолидација на опозицијата“.

Прашање: Бидејќи зборуваме и за Алијансата, дали сте го поканиле и Таравари за да се вклучи, дали очекувате од него да се приклучи на опозицискиот фронт?

„Јас упатив јавна покана до претседателот на Алијанса, и стоиме на тоа дека ова не се ниту интереси на претседателот на Беса, Алтернатива или новото движење на Изет Меџити за лично етаблирање, напротив тоа е интерес на гласачите Албанци, бидејќи ние живееме во демократија и треба резултатите на оваа демократија да ги почувствуваат гласачите. Не може да претендираме дека сме во демократски систем и да имаме партија 20 години на власт. Ние сме упатиле покана, сега уште еднаш упатувам покана до претседателот на Алијансата за Албанците што побрзо да се тргне од оваа влада, која и тие во одредени моменти ја критикуваат за нивните постапки, за неуспесите. И тогаш реков, сега ќе повторам да се критикува Владата додека си дел од Владата не е искрено. Затоа би сакале и г. Таравари и АА што побрзо да ја напуштат Владата и да се приклучат на обединетиот опозициски фронт“.

 Прашање: Сепак вие сте упатиле јавна покана, но дали имало одговор од нив?

„Досега не. Се надеваме што побрзо и АА и да стане дел од обединетата опозиција, бидејќи доаѓа момент кога се позиционираат гласачите или политичките структури и можеби ќе е доцна. Јас, верувам дека не е доцна затоа пак преку вашата телевизија ја повикувам и АА, но и другите политички фактори да се надминат себеси, и на Албанците од Македонија да им понудиме сериозна понуда, понуда која ќе носи промени и кај Албанците ќе имаме ротација на власта и ќе имаме претставување кое ќе биде достојно, ќе биде како што го сакаат Албанците последниве 20 години. Значи веќе не е лукс, не е желба или лична волја на ниеден од партиските лидери, туку е императив на времето и ценам дека е најдобриот момент да имаме два политички блока кај Албанците кои ќе се тркаат на избори. Тие кои се околу ДУИ на власт, и оние кои се околу опозицискиот блок сега веќе консолидиран меѓу Движењето Беса, Алтернатива и Изет Меџити или движењето кое е во формирање“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button