ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кавадарчанец пријавил физички напад од зет за сестра

Во Кавадарци се пријавени два физички напади во текот на вчерашниот ден, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Во ОВР Кавадарци, 34-годишен кавадарчанец пријавил дека претходната ноќ околу 23:45 часот бил физички нападнат од неговиот зет за сестра Б.К.. Во Полициската станица Кавадарци, кавадарчанецот Б.У. на возраст од 67 години, пријавил дека околу 09:15 часот на Градскиот пазар во Кавадарци, по предходна вербална расправија, бил физички нападнат од Г.Ш. на возраст од 61 година, појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button