ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кавга меѓу ДУИ и Алијанса за Албанците за коцкањето

ДУИ оценува дека новиот предлог-закон за коцкање во Собранието што е иницијатива на Алијанса за Албанците не е неопходен бидејќи ваква иницијатива веќе е во постапка. Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми вели дека доколку има храброст да побара деблокирање на процедурата за овој закон, албанската опозициска партија може да ги поднесе своите барања како амандмани.

Advertisements

„Ниту една буква, ниту еден збор не кажаа пратениците на Алијанса за Албанците. Дали знаете зошто? Затоа што оваа комисија ја води кадар на ВМРО-ДПМНЕ и тие стојат во строј пред ВМРО и Левица и секако не бараат да се расправа за овој закон. Кога се разговара за овој закон, можеме да разговараме и за модалитетите бидејќи и можат да поднесат амандмани и да разговараме“, изјави Арбер Адеми- ДУИ

Законот за коцкање кој е во собраниска процедура беше доставен до Собранието пред многу месеци, но процедурата е блокирана. Тој предвидува објектите каде што се организираат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од образовни институции. Во меѓувреме, новиот предлог на Алијанса за Албанците предвидува ваква дејност да се организира само во хотели со пет ѕвезди и никаде на друго место. Пратеничката Илире Даути најавува дека иницијативата ќе биде пуштена во собраниска процедура за неколку дена.

„Се надеваме дека ќе нема ваков пристап каков што го прави владејачката албанска партија, која однапред подготвува терен да го оправда нивното невклучување во нашиот предлог-закон. Мислам дека е време сите да размислуваме и да дејствуваме во служба на нашето општо добро“, изјави Илире Даути- Алијанса за Албанците

Досега ниту една од другите партии не ја коментираа новата иницијатива на Алијанса за Албанците. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button