ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од полноќ влез во Македонија без анти-КОВИД предуслови

Од полноќ повеќе нема да се бара потврда за вакцинација за влез во Македонија. Оваа мерка е укината со одлука на Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести.

„На денешната седница на Владата ја одобривме препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување потврда за вакцинација, потврда за прележан Ковид 19, негативен ПЦР тест или антиген за сите домашни и странски државјани при влез во државата. Во врска со оваа одлука ја укинавме и мерката за домашна изолација на личен трошок во времетраење од 7 дена за влез во државата без горенаведените документи“, велаат од Влада

Претходно, Владата ја укина и мерката за задолжително носење маски во затворени простории, со исклучок на здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари лица и установите за згрижување на лица со попреченост. Од Комисијата за заразни болести велат дека остануваат будни и ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни при семејните собири за време на Велигденските и Бајрамските празници.

Некои соседни држави исто така размислуваат за укинување на вакциналните сертификати за влез на нивна територија. Во Грција оваа мерка ќе биде активна до крајот на април, а потоа во текот на туристичката сезона ќе биде укината, веројатно сè до септември. Во Бугарија не се бараат сертификати веќе подолго време, ниту пак во Србија. Во моментов мерката за вакцинален сертификат останува во Албанија, каде без предуслови се пуштат само деца под 6 години. Исто така и Косово продолжува да бара сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button