ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Казнети 123 возачи за брзо возење во Скопје, 33 прекршоци за мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден при контрола на сообраќајот на територијата на Скопје биле изречени  вкупно 218 мерки, меѓу кои 123 казни за возење со поголема брзина од дозволената.

Advertisements

Десет санкции се изречени за возење без возачка дозвола, 33 прекршоци на возачи на  мотоцикли, седум санкции за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила,  пет прекршоци што ги прават пешаците, четири за минување за затворен сигнал (црвено светло).

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button