ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 5 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 5 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 137 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало двајца примен пациент и двајца биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени двајца  оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button