ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Казнети 174 возачи во Скопје, 29 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Advertisements

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 29, осум санкции за возење без возачка дозвола, шест за непрописно престигнување и обиколување.

Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас и 46 за непрописно паркирани возила.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button