ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Казни за маркетите кои не ги намалија прехранбените производи

Казни за маркетите кои не ги намалија прехранбените производи

Граѓаните ги поздравуваат намалените цени на основните прехранбени производи на рафтовите, но сметаат дека со одлуките на властите треба да бидат опфатени повеќе продукти. Најпосочувани се месото, овошјето и зеленчукот.

“Пензионер сум, цените треба да се намалат.
Н: Што треба да се намали? Цените на кои производи?
Месо, што друго кажам… јајцата“, рече еден граѓанин.

„Овошје и зеленчук… значи има уште барем 10%-20% да не намалат, заради тоа што пензиите растат, меѓутоа и платите, но не за толку многу за да можеме да ги задоволиме сите потреби“, додаде друг граѓанин.

„За поздравување е одлуката на Владата, меѓутоа според мене лично таа е многу закаснета. Кога цените дивееја, кога во еден ден купувавме производи со различни цени, тогаш никој не реагираше. Сега цените се малку намалени. Основните производи, никој не бара луксуз, меѓутоа основните производи, јајца, млеко млечни производи, треба да се намалат повеќе“, изјави еден граѓанин.

Првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски информираше дека нареднава недела може да се очекуваат нови одлуки.

„Анализи се направени, ќе има одлуки во мерките и за јајцата, но не би сакал јас да го кажам тоа, ќе оставам простор на компетентното министерство, Министерството за економија и Владата“, нагласи Горан Трајковски – директор на ДПИ.

Пазарните инспектори денеска на терен проверуваа дали се почитуваат одлуките. Велат дека е зголемен интересот на граѓаните за пријави.

„Но, исто така имаме и пријави од граѓани за прехранбени продукти коишто не се опфатени од одлуката за намалување на цените на млечните производи, на пример… трајното млеко е опфатено со одлуката, а имаме пријави кои стигнуваат до нас за нетрајното млеко“, додаде Горан Трајковски – директор на ДПИ.

Трајковски информираше дека засега се казнети четири маркети. Еден во Охрид, кој не ја почитувал замрзнатата цена на лебот, а три од Охрид, Кичево и Битола кој не ја намалиле за 10 отсто цената на тестенините и млечните производи. На државата ќе треба да и платат нешто над 18 илјади евра./Алсат.мк

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button