ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Казни за сите раководители кои нема да заштедат струја

Раководните лица на државните институции уште првиот месец од стартот на  мерката за штедење електрична енергија ќе мора да испорачаат резултати. Податоците за потрошена струја директорите се задолжени да ги достават до Владата најдоцна до 15ти во месецот. Во извештајот имаат обврска да обезбедат и податок за споредба за потрошената електрична енергија во истиот месец минатата година.

„Согласно усвоените сет препораки за граѓаните и задолженија за институциите за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија, од 1 септември, државните институции треба да трошат 15 отсто помалку струја споредено со истиот месец лани, во спротивно ќе има санкции за раководителите. Овие мерки ќе важат до 31 март следната година“, велат од Владата.

Владиниот советник за енергетика Виктор Андонов, напомена дека владата на институциите веќе им наложила да почнат да ја подготвуваат документацијата. Тој уверува дека ниту еден функционер нема да биде поштеден доколку не ги почитувал мерките на владата за штедење.

„Во текот на неделава ќе знаеме дали државните институции, на тие што им беше препораката, штом важеше за нив, дали почнале да преземаат некакви мерки во насока на штедење“, рече Виктор Андонов советник за енергетика на премиерот.

Мерките за штедење на владата се состојат од регулирана температура на клима уредите, намалена употреба на лифтовите,  принтање на само неопходни документи, забрана за користење на декоративни светилки  на фазадите и слични мерки од кои се очекува заштеда за околу 15 отсто енергија во однос на истиот периот лани.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button