ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе дишеме загаден воздух сè додека се грееме на мазут и дрва

Ќе дишеме загаден воздух сè додека се грееме на мазут и дрва

Сè додека институциите се греат на мазут, а граѓаните на дрва, Скопје нема да може слободно да дише. Загадувачите на воздухот во главниот град во текот на 2021 година биле анализирани во лабораторијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, што покажало дека списокот на загадувачи не е мал, а во анализата биле вклучени и градежништвото и пожарите на отворено.

Министерот за екологија Насер Нуредини рече дека внимателно се анализира квалитетот на пелетите што се користат кај нас, што уште еднаш отвора сомнеж за нивниот квалитет.

„Еден од најголемите загадувачи е употребата на биомаса, односно користењето на дрвото за греење. Ќе го анализираме и квалитетот на палетите што се користат кај нас. Треба да видиме дали се на ниво на квалитет или не. Има забелешки дека има некои возила во сообраќајот кои пуштаат црн чад. Побаравме од центрите за техничка контрола правилно да го спроведуваат законот, а тие да бидат контролирани од Министерството за внатрешни работи“, изјави Насер Нуредини- Министер за животна средина.

Амбасадорката на Шведска, чија земја ја финансираше студијата, најави и програма за подобро образование на децата.

„Заедно со УНИЦЕФ имаме образовна програма која има за цел подобро образование во училиштата во однос на животната средина и климатските промени“, рече Кристин Форсгрен Бенгтсон, Амбасадорка на Шведска.

Во однос на гасификацијата како еден од начините за користење на почисти фосилни горива, од Министерството за екологија велат дека работите на секундарната мрежа треба да почнат за околу шест месеци. Четири години по потпишувањето на договорот за нејзина изградба, во градовите треба да се изградат до 50% од мрежата, а над 20% во руралните општини. Со пуштањето во употреба на гасоводот, ќе се елиминира загадувањето предизвикано од греењето на дрва и мазут.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button