ВЕСТИ

„Ќе ве фатат!“ – порака од IT експерти до пријавувачите на лажни бомби

Многу работи што се случуваат низ интернет-просторот некаде се снимени и колку и да мислите дека сте паметни, еден ден ќе ве најдат. Инженерот за компјутерска безбедност Божидар Спировски на овој начин им се обрати на анонимните испраќачи на електронски пораки со кои пријавуваа дека има поставено бомби во неколку училишта во Скопје. Спировски вели дека приватноста не значи гаранција за целосна анонимност, пишува Алсат.

Advertisements

Спировски вели дека истражните органи треба да се обратат во Швајцарија, за да ги добијат потребните информации. Вели дека тоа нема да биде лесен процес, но нема да биде ниту невозможен.
Бојан Кордалов, комуниколог и експерт за прашања за дигитална трансформација, нагласува дека во време кога светот се соочува со сериозни кризи, ваквите појави се сериозни настани на кои институциите мора дефинитивно да се фокусираат.

Три дена по ред средните училишта во Скопје добиваа закани за бомби кои се покажаа како лажни. Со слична ситуација не многу одамна се соочија образовните институции во Косово, Србија, Црна Гора и неколку други земји./Алсат.мк

АЈНУР БАФЌАРИ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button