ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кејот во Струга не издржа ни 7 години, а изеде четврт милион евра

Кејот во Струга не издржа ни 7 години, а изеде четврт милион евра

Искршен и оштетен е кејот на реката Црни Дрим во Струга за чија реконструкција во 2015 година беа потрошени околу 250.000 евра. Општината не презема никакви мерки за санација, па граѓаните со кои зборувавме велат дека ова срам за градот бидејќи станува збор за неговиот најатрактивен туристички дел.

„Што се однесува до кејот, треба да биде поуреден, почист, за туристите. Ова не личи на тоа што треба да личи. Сите средства кои се дадени досега, кој ги користи и каде се наменети, Господ знае“, рече еден граѓанин.

„Плочките да се поправат. Плочките не се во ред, откорнати се. Долго време е така“, нагласи друг граѓанин.

„…Властите треба да преземат овде нешто. Има г-дин Рамиз Мерко. Тој со неговата екипа, треба да кажи зошто е ова вака“, рече еден граѓанин.

„Ова е срамота. Сакаме туристи, а види ова што е. Луѓе паѓаат, градоначалникот не се интересира. Вели – Струга е како Швајцарија. Тоа е срамота. Ова ли е Швајцарија? Швајцарија го нема ова“, додаде друг граѓанин.

Шеталиштето беше реконструирано во времето на поранешниот градоначалник Зијадин Села, па од Алијанса на Албанците сега го обвинуваат Мерко дека не сака да одржува проекти кои биле изградени во нечиј друг мандат. Алсат праша во општина Струга дали и кога се планира реконструкција на овој дел од кејот? Одговор не добивме. Во меѓувреме, несовесни возачи на автомобили и камиони, а многу често и тешка градежна механизација се движат по кејот и дополнително го руинираат./Alsat.mk

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button