
Сите приоди кон селото Бањска од правец на Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан се блокиран, како и граничните премини што водат кон соседна Србија, „Јариње“ и „Брњак“
Припадници на КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен откако рано изутрината еден припадник на полицијата на Косово беше убиен, а други двајца се здобија со повреди, но се надвор од животна опасност. Поради сериозноста на ситуацијата, блокирани се сите приоди кон селото Бањска и привремено се затворени граничните премини што водат кон соседна Србија.
Косовската полиција претходно објави првични информации за синоќешното убиство на наредник од косовската полиција на северот на земјата. Според кажаното, полициската патрола, во која биле три полицајци од Звечан, дошла до селото Бањско бидејќи добила пријава дека таму се поставени два камиона кои го блокираат мостот на влезот од селото. Во моментот кога полициското возило пристигнало на влезот на селото, кон полицајците бил отворен оган. Локалните мештани кажуваат дека константно се слушале пукања и детонации, а ситуацијата се смирила утринава во 7 часот.