ВЕСТИРЕГИОН

КФОР поставува бодликава жица околу општинската зграда во Звечан

Голем број припадници на КФОР со опрема за разбивање демонстрации утрово беа распоредени во близина на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, а припадниците на КФОР во населбата Звечан се подготвуваат да постават бодликава жица, јавуваат српските медиуми.

На северот на Косово ноќта помина мирно, пренесе Танјуг.

Помала група граѓани во текот на целата ноќ била присутна пред зградата на општина Лепосавиќ, а утрово почнал собирот на граѓани во Звечан.

Србите на северот на Косово деновиве се собираат масовно пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ за да го изразат своето незадоволство од влезот на косовските градоначалници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button