ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кичево мака мачи со кучиња-скитници, секој втор ден по некој каснат!

Речиси секој втор ден во Кичево има случај на  каснат граѓанин од куче-скитник. Во градот врие од бездомни кучиња кои многу често и во групи се движат низ градските улици. Официјалната статистика на Здравствениот дом, каде кичевчани бараат прва помош, говорат дека во јули 8 граѓани биле каснати од куче скитник, во август 16, во септември дури 23, а во октомври 16. Најчести жртви биле жени и деца.

„Имаме и лесни, но и потешки случаи, посебно ако се работи за пациенти, деца кај кои често се случува, освен повреди настанати од каснување од кучињата, да има и повреди добиени при пад од велосипед или случаи кај пациенти жени нападнати од 3-4 кучиња во исто време“, вели Џaбир Бајрами-директор на здравствен дом Кичево.

Многу често повредените граѓани потоа бараат оштета од општината за здобиените повреди. Кичевчани велат дека локалните власти мора да најдат долгорочно решение за овој проблем со кој градот се соочува неколку години.

„Да, да, голем проблем е. Многу кучиња скитници има. Треба да ги испратиме децата до самиот влез на училиштето, рано одат од 7 часот, а улиците се полни со кучиња, многу луѓе се жалат…“…

„Не можеш да поминеш во утринските часови, може да те изеде некое. Се собираат по четири-пет…“…

„Има кучиња и тоа е еден горлив проблем. Велат дека ги носат од други места овде, не знам дали е точно…“, се жалат кичевци.

Од општина Кичево велат дека на тендер избрале фирма од Демир Хисар чија надлежност е да фаќа кучиња-скитници, да ги вакцинира и стерилизира. Секоја недела заловувале по неколку и тие биле подложувани на овие процедури. Но, од општината додаваат дека на неколку пати досега биле фаќани луѓе со камиони како носат кучиња од други општини.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button