ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кинеските вакцини ќе пристигнат следниот вторник?

Оперативниот план за вакцинацијата ќе се спроведува од следната недела во сите поликлиники низ Скопје и во местата за вакцинација низ другите градови. Извори на Алсат велат дека 200.000 кинески вакцини ќе пристигнат во земјава на 16 февруари, по што ќе бидат дистрибуирани во специјални фрижидери.

Министерот вели дека според планот, дневно ќе може да се вакцинираат по 2.500 лица од кои 880 во 7 поликлиники во главниот град и близу 500 други низ пунктовите во Клиничкиот центар.

Поликлиниките Чаир, Букурешт и Јане Сандански ќе работат во две смени и во саботите. На прашањето дали граѓаните ќе имаат можност да изберат која вакцина ќе ја земат, кинеската, руската или американската, Филипче рече дека засега тоа не е возможно.

 Инаку, граѓаните постари од 70 години кои имаат хронични болести  и помладите кои доброволно сакаат да примаат вакцини, можат да се пријават преку електронска платформа. Овој процес ќе се реализира преку лекарите и платформата „Мој термин“.

Од Здравствениот дом – Скопје велат дека ќе се обидат да го скратат времето за закажување за двојно да се зголеми бројот на лица кои ќе ја примата вакцината, така што 200.000 вакцини ќе бидат доставени во рок од еден месец.

 Во меѓувреме, нема најава за доаѓање на вакцините на Фајзер. Филипче тврди дека и понатаму чекаат, како на директната набавка на од американската фармацевтска компанија, така и на купувањето на осумте илјади дози преку Србија. Во меѓувреме, другата компанија Астра&Зенека вчера потпиша договор со меѓународната платформа Ковакс, преку која земјава треба да добие дел од 833 илјади нарачани вакцини.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button