ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Постигнат договор за вклучување на етничка графа во личните карти

Предлогот-законот на Движењето БЕСА за додавање етничка графа во личните карти се очекува да биде вклучен во агендата на Комисијата за политички систем до петок. Пратеникот Кастриот Реџепи вели дека со надлежните институции се дефинираат техничките детали за имплементација на законот, а се очекува тој да биде разгледан во матичната комисија во најбрз можен рок.

„Позициите се усогласени, треба да ја направиме техничката подготовка во врска со седницата и ставањето на оваа точка на дневниот ред во Комисијата. После тоа, се враќа на пленарна седница за одобрување, бидејќи е по скратена постапка, само еднаш ќе се разгледува во Комисијата доколку има измени и дополнувања, а потоа ќе оди на одобрување на пленарна седница.“, рече Кастриот Реџепи- Движење Беса.

Ист став има и СДСМ. Даваат поддршка за предлог-законот. Предлогот на БЕСА го поддржаа и другите албански партии, а против  се само ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button