ЗАБАВА

Кинез ги открил тајните на долговечноста и живеел два ипол века?

Кинезот Ли Чинг-јуен бил извонредно долговечен и неговиот животен век кој траел 256 години повеќе наликува на легенда, пишуваа викендов тамошните медиуми. 

Според написите, Ли Чинг-јуен се родил во 1677, или според некои тврдења во 1736 година, година во Чичјансјан во покраината Сечуан. Поголемиот дел од животот го минал во планините на Сечуан, каде собирал лековите билки и ги открил тајните на долговечноста. Починал во 1933 година на возраст од 256 години, или сепак на 197 години.

Во 1748 година, која Ли има 71 година, се преселил во Каисјан, за да ѝ се приклучи на војската како учител за боречки вештини и како воен советник. Во 1927 година, што е 179 години подоцна, Ли го посетил 43-годишниот генерал Јен Сен во провинцијата Сечуан, а овој бил одушевен од неговиот „младешки изглед“ и неговата сила и смелост. При посетата на генералот, е направена најпознатата, ако не и единствената фотографија на Ли Ченг-јуен.

Подоцна во своите мемоари генералот Сен ја опишал појавата на својот 250-годишен гостин како „Имаше добар поглед и брз чекор, неговиот раст изнесуваше седум стапки, имаше многу долги нокти и заруменето лице“.

Ли имал 200 деца од 24 жени, од кои 23 надживеал, а 24-та ја оставил вдовица која тогаш имала само 60 години, кажува кинеското предание.

Неговиот случај на долговечност бил како сензација регистриран на 2-ри октомври 1929 година, кога весникот Pittsburgh Press објавил репортажа во која пишува „Маж, на 252-годишна возраст е пронајден во рурална Кина, вели дека ја открил ‘фонтаната на вечната младост’ и надживеал 23 жени’ и се забележува дека во тој момент бил постар еден век од Соединетите држава.

Во 1993 година во американскиот дневен весник The New York Times била објавена куса вест „Ли Чинг-јуен, жител на Кајхсиен, во покраината Сечуан, кој тврдеше дека е еден од најстарите луѓе на светот, роден 1736 година, кој ќе наполнеше 197 година, почина денеска“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button