ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мечка прави големи штети врз пчеларници во неколку делчевски села

Мечка продолжува да прави големи штети врз пчеларници во неколку делчевски села, а по упадите во пчеларници во атарите на селата Селник и Очипала, во последниот случај нанесена е голема штета на пчеларник во село Киселица, кој целосно е уништен.

-Мечката во Делчевско повторно се врати на сладок мед во пчеларникот на Стојчевски Методија-Мичан во село Киселица, и за жал уништи и други семејства на пчели. Време е да се преземат некои мерки. Мислам дека нема пари кои можат да ги надокнадат загубите. Нека се реагира до соодветните институции и мечките да се сместат во зоолошка или некој резерват, велат граѓани.

Дел од жителите на соседното село Очипала, претпоставуваат дека мечката најверојатно ја префрлила границата доаѓајки од резерват во Бугарија. Ова пред неколку години го потврдија и од ловните друштва од двете страни на границата кои тврдеа дека имаат забележано мечки долж граничниот појас.

Делчевските правници во врска со овој случај ги советуваат пчеларите за нанесената штета да ја судат државата. Притоа како што велат треба да поседуваат сигурен доказ за присуство на дивото животно.

Освен мечката која прави пустош, пред две недели во атарот на село Очипала, делчевецот Косте Китановски при работа на поле во близина на селските гробишта, забележал две мечиња кои се разладувале и пиеле вода на блискиот поток.

Претходно мечката уништи и други два пчеларници во атарите на селата Селник и Очипала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button