СПОРТФУДБАЛ

Клоп: Примивме 3 гола кои не требаше да ги примиме

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, немаше одговори по тешкиот пораз (0-3) од Аталанта во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа. Германскиот стручњак го дефинираше однесувањето на својот тим како неприфатливо, но рече и дека ќе анализира што се случило по понеделник, бидејќи претходно ќе го подготви тимот за премиерлигашкиот натпревар против тимот на Кристал Палас.

„За жал, нема ништо позитивно да се каже за овој натпревар. Лоша игра во целина, не ми се допадна нашиот посед, немавме пресинг, им дадовме толку многу шанси и продолживме да ја бркаме топката.

Нашите противници постигнаа голови кои не требаше да ги примиме. Не сакам таква игра, но ќе го гледам повторно мечот во понеделник, не сакам да се нервирам пред натпреварот со Кристал Палас. Важно е да се опоравиме и многу е важно да се заборави овој натпревар, тоа беше лош настап“, изјави Клоп.

Реваншот меѓу Аталанта и Ливерпул во Бергамо е за една недела, на 18 април.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button