МАКЕДОНИЈА

Колкав процент од луѓето мислат дека политичките партии ги злоупотребуваат буџетските средства?

Омер Ајдини од Алијансата за Албанците во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека 64 отсто од луѓето сметаат дека политичките партии ги злоупотребуваат буџетските средства.

Тој се осврна на последната анкета на ИРИ, а рече дека врз основа на тоа се одразува недовербата што луѓето ја имаат во политичките партии.

„Имаме 64 отсто луѓе според последната анкета на ИРИ кои сметаат дека политичките партии ги злоупотребуваат средствата од јавниот буџет. Затоа, тоа ја отсликува недовербата што народот ја има кон нас. Мислам дека тоа е главно последица на менталитетот кој треба да се смени“, рече Ајдини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button