СПОРТФУДБАЛ

Колку заработува Роналдо за една секунда, минута, саат….

Кристијано Роналдо го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот. За две и пол години во Ал Наср ќе заработи 500.000.000 евра. Неговата годишна плата ќе биде околу 200 милиони евра, но во таа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот.

Роналдо беше без клуб повеќе од еден месец откако на 22. ноември спогодбено го раскина договорот со Манчестер јунајтед.
Роналдо секоја секунда ќе заработува по 6,5 евра, додека за секоја минута помината во клубот ќе добива дури 386 евра.

Секој час еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо ќе заработува по 23.150 евра, што е навистина неверојатна бројка.

Ако мислите дека сето тоа е „лудо“, погледнете колку ќе заработуваат секој ден. Имено, Роналдо секој ден ќе инкасира по 555.555 евра. Месечно Португалецот ќе инкасира речиси 17.000.000 евра.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button