ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Комисијата не препорачува нови мерки за заштита од ковид-19

Според информации на Алсат од извори во Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести засега не препорачува воведување на нови мерки за заштита од ковид 19.

Advertisements

Дел од медиумите претходно јавија дека тема на разговор на денешниот состанок се свадбите во затворен простор, кои би можеле да се забранат како мерка за заштита од ковид-19, особено по појавата на новите мутации како делта-сојот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, досега е на став дека нема потреба од воведување на нови мерки, посочувајќи дека вакцинацијата е единствениот лек за пандемијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button