ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Можното зголемувања на цената на дизелот нема да удри по стандардот на граѓаните, уверува заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски

Можното зголемувања на цената на дизелот нема да удри по стандардот на граѓаните, уверува заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски. Според него, Владата нема донесено никаква одлука околу цените на енергенсите. Во моментов се прават анализи за воведување на еколошки такси кои се познати во светот и не треба да се поврзуваат со цената на дизелот, вели Ковачевски.

„Како Влада ние внимаваме цената на енергенсите да биде соодветна на економскиот стандард на населението како и на економските перформанси на стопанството со што не би се довело во прашање ниту животниот стандард на граѓаните ниту продуктивноста и ефикасноста на компаниите. Калкулации се уште се прават, не постои финална одлука за апсолутен износ.“

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека со ребалансит Владата веќе има донесено одлука за покачени цени на дизелот за четири денари со цел полнење на буџетската дупка.

„Заев со ребалансот на буџетот предлага воведување на нова давачка за дизел горивата од 4 денари. Тоа се 4 нови денари, кои трајно ќе ја зголемат цената на дизелот. Народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Заев ја втурна државата во долгови, а данокот на дизелот има за цел покривање на долговите и дупката во буџетот која ја направи Заев.“

Владата прави и анализа за можно намалување на ДДВ – то на електричната енергија од 18 на пет отсто. Според Ковачевски можно намалување на ДДВ – то ќе има откако Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе одлука дали ќе има зголемување на цената на струјата.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button