МАКЕДОНИЈА

Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов

Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата.

Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница  даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар ,,Иван Михајлов-Битола. 

Advertisements

Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на  македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button