ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски повикува на предвремени избори во мај или јуни, без техничка влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека партијата е подготвена да оди на предвремени избори во мај или до средината на јуни без техничка влада.

– За мајски избори еве нека биде и првата половина на јуни стоиме на располагање.  Не мора техничка влада. Како што е вака ние сме подготвени да одиме на предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски кој денеска беше во посета на Битола.

Повтори дека ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, јавно подаде рака за предвремени праламентарни избори и дури дека се откажуваат од техничка влада.

-Ја фрламе ракавицата дека не треба да има сто дена техничка Влада, дури и ако тоа им помогне не треба и воопшто да има техничка влада. Подготвени сме веднаш во итна постапка да го смениме Законот за Влада и Изборниот законик и ако треба нека си остане Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, нека ги прави оние дејства што ги прави изминативе седум години, нека си останат министерката за култура, нека продолжи на отворена сцена да се понижува самата себе и Битола и Битолчани бидејќи тоа што го прави најмалку доликува на Битола и Битолчани и е најмалку срамно, тоа ќе оставам Битолчани да го ценат и судат, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button