ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Комисијата за заразни болести препорача укинување на маските во затворени објекти

По две години обврска, конечно денеска беше предложено да се укинат маските и во затворени простории. Комисијата за заразни болести препорачува носењето маски повеќе да не е задолжително во затворени простории. Но, првиот човек на КЗБ рече дека продолжуваат рестриктивните мерки за дел од затворените простории.

Advertisements

Втората препорака е да се укине епидемиолошкото следење на лицата кои контактирале со заболените и конечно да се укине изолацијата на контакт лицата. Останува на сила 7-дневната изолација за лицата со дијагноза на Ковид-19. Од КЗБ соопштија дека остануваат сертификатите на граничните премини и повикуваат на антиковид вакцинација за сите граѓани.

Ова се втор сет препораки кои треба да ги одобри и Владата.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button