ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Комитетот за односи меѓу заедниците не ги даде резултатите за кои беше создаден во 2002 година

Комитетот за односи меѓу заедниците, формиран во 2002 година, иако се смета за најважно тело во Собранието, не ги даде резултатите за кои е формиран. И покрај тоа што во текот на овие 20 години имаше многу ситуации кои предизвикаа тензии во односите меѓу заедниците, Комитетот не даде свое мислење, ниту поведе суштински дискусии, не ја реализираше својата примарна и единствена цел, создавање на поблага клима меѓу етничките заедници во земјата. Поранешниот пратеник, Рафиз Алити, вели дека ова тело не функционира како што се очекуваше, бидејќи постојано се соочувало со опструкции, додавајќи дека нема политичка волја за неговото функционирање.

„За жал, како што реков, не се расправаше, бидејќи немаше политичка волја. Македонската страна секогаш го попречуваше Комитетот да донесува одлуки во многу важни моменти за земјата.  Имаше случаи не во десетици, туку во многу поголем број во Република Македонија во текот на овие 20 години, од 2001 година, кога Комитетот требаше да даде свое мислење за тие настани, но поради опструкциите што беа направени, Комитетот никогаш не успеа да одржи состанок и не беше во можност да донесе заклучоци.“

Според него, важноста на овој Комитет, што формално е многу голема, за да биде иста и во пракса, треба неговите одлуки да бидат обврзувачки за Собранието. На претставниците од помалите заедници треба да им се гарантира место и да не кандидираат на избори во рамките на македонските партии.

„Прво, со Изборниот законик треба да им се гарантираат местата на помалите заедници во Македонија. Според мене, би било добро за помалите заедници да имаат 10 загарантирани места, 5 да бидат со претставници со автоматизам и 5 да бидат избрани. Секако, со Законот за Собрание и секако треба да се интервенира во Деловникот на Собранието, заклучоците што произлегуваат од Комитетот да се задолжителни за Собранието.”

 Овој комитет се состои од 19 члена, 7 пратеници Македонци, 7 Албанци и 5 од другите заедници. Неговото формирање е резултат на Охридскиот договор. Надлежностите на овој комитет произлегуваат од Уставот. Некои од неговите задачи се: Ја покажува потребата за усвојување на закони, регулативи и општи акти што ги регулираат односите меѓу заедниците, остварување на правото за употреба на јазикот и писмото на немнозинските заедници и други. Овој комитет ја презентираше план програма за 2021 година пред истоимената комисија.

Членови на Комитетот за односи меѓу заедниците

Од редовите на пратениците Македонци

  1. Лазе Таневски

2.Боби Мојсоски

  1. Марија Георгиевска

4.Даниела Маркоска

  1. Дафина Стојаноска

6.Александар Веarаноски

  1. Велика Стојкова – Серафимовска

Од редовите на пратениците Албанци

  1. Арбана Пашоли
  2. Мерита Колчи – Кочаџику
  3. Берат Ајдари
  4. Бедри Фазли
  5. Кастриот Реџепи
  6. Скендер Реџепи
  7. Сурија Рашиди

Од редовите на пратениците Турци

  1. Енес Ибрахим

Од редовите на пратениците Власи

1.Љупчо Балкоски

Од редовите на пратениците Роми

  1. Латифе Шиковска

Од редовите на пратениците Срби

  1. Иван Стоилковиќ

Од редовите на пратениците Бошњаци

  1. Зеќир Рамчиловиќ

 

Еви Шкопи

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button