ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ бара од ВМРО да го поддржи пописот, но ВМРО бара електронски попис

СДСМ ја повикува ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи пописот на населението. Социјалдемократите го поздравуваат ставот на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски дека нема да повика на бојкот, но велат дека ВМРО треба да биде вклучена во процесот за тој да биде кредибилен.

Во меѓувреме, опозицијата бара владата да се откаже од законот со кој, според нив, се фалсификува пописот. Партијата на Мицкоски не се откажува од собирањето потписи, па дури и најавува дека во тоа ќе се вклучи и дијаспората.

„Зоран Заев и власта да се откажат од насилниот попис кој ќе биде фалсификуван, чии бројки се познати однапред бидејќи се договориле со коалициските партнери. Да се направи електронски попис што сите ќе го поддржиме. ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со собирање потписи за укинување на законот. Ако власта ја наруши волјата на граѓаните, ќе повикаме на масовни потписи на граѓаните и македонската дијаспора.“

Повиците на власта до опозицијата да го поддржи пописот доаѓаат еден ден откако претседателот и премиерот се состанаа со градоначалниците на сите општини за да ги запознаат со потребата од логистичка помош на локалната самоуправа кон Државниот завод за статистика. На координативниот состанок немаше претставници на опозицијата освен градоначалниците со кои во моментов раководи опозицијата. Пописот треба да се спроведе од 1 до 21 април, но методологијата сè уште не е објавена. Заводот за статистика тоа го најави за следнава недела.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button