ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се одолговлекува стартот на работата на претпријатието што ќе управува со депонијата Русино

Иако беше најавено за јануари, заедничкото претпријатие што ќе управува со депонијата Русино нема да почне со работа барем до април. Работите за поставување ваги за мерење на камионите сè уште не се започнати бидејќи општините ќе плаќаат во зависност од количината на отпад што ќе ја фрлат на депонијата. Директорот на Заедничкото претпријатие од Полог, Бесим Догани, вели дека се доцни поради празниците, но и општините не ги извршиле потребните уплати.

„На општините сè уште им е забрането да фрлаат отпад во Русино затоа што некои постапки мора да бидат завршени однапред, а кои беа одложени од повеќе причини. Во однос на документацијата, ја собравме цела, почнувајќи од статутот, систематизацијата, придружните документи, програмата за работа, програмата за други јавни набавки. Сега сè ќе зависи од брзината на општините во распределбата на средствата што ги добиле како обврска.“

Во буџетите на општините е предвидено да се изврши исплата на средства за заедничкото претпријатие, но дел од нив парите ќе ги уплатат до крајот на следниот месец. Тоа го правдаат со новогодишните празници, но и со доцнењето на одобрувањето на нивните буџети од Министерството за финансии.

„Врз основа на предвидениот план и постигнатиот договор меѓу општините од полошкиот регион, нашата општина има намера да ги исполни своите предвидени обврски на почетокот на март.“

Најголеми финансиери на ова претпријатие, но исто така и најголеми корисници се општините Тетово и Гостивар кои мораат да одвојат по околу 200.000 евра. Другите ќе плаќаат по глава на жител. Договорот за основање на заедничко претпријатие и за заедничка депонија за Полог, дојде како резултат на создавање на диви депонии во скоро секоја општина од овој регион.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button