РЕГИОН

Кон: Колективен имунитет во Србија ако се вакцинираат 1,5 милиони жители

Масовната имунизација на најмалку 1,5 милиони жители на Србија обезбедува колективен имунитет што ќе биде доволен за да се спречат епидемиските бранови на коронавирусот. Тоа го нагласи српскиот епидемиолог и член на кризниот штаб, Предраг Кон.

Advertisements

Во порака на Фејсбук тој наведува дека за целосно сузбивање на коронавирусот потребен е колективен имунитет од над 80 проценти, односно да се вакцинираат до три милиони жители.

Според него, голем број (до 40 проценти) стекнале имунитет по контакт со вирусот, со тоа што прележале ковид-19 или имале асимптоматска инфекција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button