ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Конференција за Западен Балкан за време на француското претседавање со ЕУ

За време на француското претседавање со Советот на ЕУ ќе се одржи конференција за Западен Балкан чии контури сѐ уште не се зацртани, соопшти денеска францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер. Како што рече тој, настанот е планиран за јуни и е потврда за вниманието коешто францускиот претседател го придава на регионот.

Advertisements

„Контурите на оваа конференција сѐ уште не се одлучени, затоа што идејата е да соработуваме и партнерски да се подготвиме со засегнатите земји, но со самиот факт што францускиот претседател одлучи да организира таков настан, е потврда за вниманието коешто тој го придава за овој регион. Конференцијата за која треба да се прецизираат целите нема да има ексклузивно прашање да се занимава само со проширувањето, затоа што ќе стане збор за самит на кој ќе учествуваат сите земји од Западен Балкан“, рече Бомгартнер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button