ВЕСТИРЕГИОН

Константинос Тасулас е нов претседател на Грција

Грчките пратеници во Парламентот на Грција за нов претседател на Републиката го избраа Константинос Тасулас со 160 гласови „за“ од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент.

Advertisements

На денешното четврто гласање беше потребно мнозинство од 151 пратеник, бројка која во претходните гласања веќе беше надмината од поранешниот претседател на Собранието, Константинос Тасулас, предложен од Нова Демократија.

Во првото и второто гласање беше потребно двотретинско мнозинство односно 200 пратенички гласови, додека за третото гласање беше потребно три петтинско мнозинство (180). При гласањето Тасулас победи со гласовите од 160 пратеници, додека кандидатот на ПАСОК Тасос Јаницис доби 34 пратеници, за кандидатот на СИРИЗА-ПС Лука Кацели гласаа 40 пратеници, а за кандидатот од Ники, К. Кирјаку само 14 пратеници.

По објавувањето на резултатот, претседателот на Домот Никитас Какламанис замина во канцеларијата на Константинос Тасулас за да му соопшти дека тој е следниот претседател на Република Грција.

Мандатот на досегашната претседателка, Катерина Сакеларопулу завршува на 13 март 2025 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button