Контролата на градежните и надзорните фирми/ Од 643 фирми, 97 не ги исполниле условите по добиените лиценци
Контролата на градежните и надзорните фирми/ Од 643 фирми, 97 не ги исполниле условите по добиените лиценци

Петнаесет проценти од приватните фирми кои имаат лиценци за градба, проектирање и надзор на објекти од категорија А и Б не ги исполнуваат условите за работа и им се одземени лиценците. Ова го соопшти министерот за транспорт, Александар Николоски. Тој рече дека во изминатите денови Министерството извршило ревизија на издадените лиценци, согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.
Николоски рече дека постојните закони не се добри и содржат неизвесности и затоа ќе следат законски измени. Во иднина лиценците ќе треба да се проверуваат на секои 6 месеци.
За дискотеката „Пулс“ во Кочани, Николоски рече дека Министерството за транспорт и врски нема надлежност бидејќи е објект од Б категорија, додека според законот за децентрализација Министерството има надлежност само за објекти од категорија А.
Во меѓувреме, продолжи инспекцијата на угостителските објекти, вчера од 82 извршени контроли, констатирано е дека 13 угостителските објекти не ги исполнуваат минималните услови за работа. Како што најави владиниот портпарол, на овие правни лица ќе им бидат одземени лиценците и ќе им биде забрането да вршат дејност./Алсат.мк
Ајнур Бафќари