Контроли во продавниците дали цените се коригирани

Во понеделник Државниот пазарен инспекторат ќе објави дали се намалени цените на прехранбените производи. Засега е рано и цените не се сменети. Синтикатите алармираат дека работниците со овие плати преживуваат а не живеат достоинствен живот. Од Организацијата на потрошувачи велат дека во последниов период имаат добиено зголемен број на поплаки од страна на граѓаните за високите цени во маркетите. Во Економски магазин кој се се емитува во 22 часот зборуваме и за правата на граѓаните соочени со инфлацијата и сомнителниот квалитет на производите.
„Растот на производите и цените, но и инфлацијата не го следи растот на платите. Се повеќе луѓето осиромашуваат. Верувајте дека со една неземена плата, илјадници работници влегуваат повторно под прагот на сиромаштијата и живеат до 40 до 100 денари на ден. Тоа е навистина мизерно. Не правиме разговор тука за социјални случаи, туку за вработени во државава, коишто секој ден одат од осум до четири на работа“,, рече Иван Пешевски – ССМ.