ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Годинава ќе ни заврши со инфлација од 14,3%

Инфлацијата ќе продолжи да расте, а потоа за околу три месеци ќе почне да олабавува. Според прогнозите кои денеска ги соопшти Народната банка, се очекува и економскиот раст да биде помал во однос на предвидувањата за годинава. Имајќи го предвид напредокот на економските фактори во овој квартал, од Народната банка велат дека годината ќе ја завршиме со инфлација од 14,3%.

Народната банка наведува две сценарија за Бруто-домашниот производ. Раст од 2,3 отсто или раст од само 2 отсто што за следната година би ни донело раст од минимални 1,8 проценти. Закрепнувањето на БДП би се очекувало дури за 2024 година со 3,6% и 4 отсто во 2025 година.

За разлика од инфлацијата во Европската Унија, во С Македонија зависноста од увозот е многу поголема. Друг важен фактор е големата увозна зависност во енергетскиот сектор, а друг е потрошувачката кошница. Имено кај нас за храна и енергија се трошат 50% од месечните приходи, додека во Европа само 30%.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button